Поврзете се со нас

Англија

Матиќ отворено за односот со Жозе Мурињо: Кога ќе изгубите, барајте место да се сокриете…

Објавено

на

Српскиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ истакна дека имал одлична соработка со Жозе Мурињо кој осве на „Олд Трафорд“ го тренираше и на „Стемфорд Бриџ“.

Матиќ откри дека Жозе Мурињо бил нависитна пријатен човек и дека се радувал на секоја победа, но кога клубот ќе загубел станувал сосема друг лик.

Србинот истакна дека тренинзите по секој пораз биле брутални и дека фудбалерите често го избегнувале Мурињо кога ќе загубеле на некоја средба.

– Жозе е фантастичен експерт и човек. Навистина имам огромна почит кон него, -изјави Матиќ во вклучувањето во живо кое го имаше на Инстаграм, а потоа откри и за незгодниот карактер на Португалецот.

– Се зависи од резултатите. Кога ќе победите, тој е најдобриот човек и сакате да сте покрај него, но кога ќе се загуби, на тренингот подобро најдете добро место да се сокриете, -заврши Матиќ.

Немања Матиќ беше донесен во Манчестер Јунајтед токму од страна на Жозе Мурињо, а и покрај многуте шпекулации, се чини дека тој ќе остане на „Театарот на соништата“ и следната сезона.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни