Поврзете се со нас

Англија

Матиќ испрати порака до соиграчите: Ова повеќе не смееме да му го дозволиме на Ливерпул

Објавено

на

Ветеранот во редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ испрати јасна порака до неговите соиграчи која се однесува до амбициите за наредната сезона.

Српскиот ас смета дека тие како група мора да покажат повеќе и да бидат конкурентни за пехарот, односно да не дозволат доминација како што Ливерпул ја имаше во натпреварувачката 2019/2020 во англиската Премер лига.

-Јас лично би сакал да ја освојам Премиер лигата со Манчестер Јунајтед. Мислам дека нашиот клуб секогаш треба да се бори за титулата. Секогаш треба да се обидеме да дадеме се од себе за овој клуб, тоа го работиме во моментот и мислам дека не можеме да дозволиме ниту еден клуб да ја освои лигата на седум или десет натпревар натпревари пред да крајот на сезоната. Затоа мора докрај да се бориме.

-Секако, имаме млад тим, но ова не може да биде изговор. Мислам дека овие млади играчи веќе имаат неколку сезони зад нив. Значи, од следната сезона, треба да се бориме за титулата. Не знам дали ќе победиме, но сигурен сум дека можеме да се бориме докрај. Ова е моја лична цел и мислам дека истото го мислат и остаантите соигра, -истакна Немања за „Инсајд Јунајтед“.

Јунајтед минатава сезона ја заврши со дури 33 бода помалку во однос на големиот ривал и нов англиски шампион Ливерпул (99/66).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни