Матиќ го покани Ибрахимовиќ на македонски ајвар (Фото)

zlatan-and-matic

Интересна комуникација имаа Златан Ибрахимовиќ и Немања Матиќ на социјалната мрежа „Инстаграм“ под една објава на искусниот напаѓач.

Ибра објави снимка од соблекувалната на Галакси на која се слуша песна од Халид Бешлиќ, а во коментарите шведскиот голгетер со босански корени го спомна и Матиќ.

Ибрахимовиќ во свој стил му напиша на Матиќ дека е оригинал селанец, на што фудбалерот на Манчестер Јунајтед го покани на македонски ајвар.

-Ајде дојди, стигна ајвар направен во Македонија- му врати Матиќ на напаѓачот на Лос Анџелес Галакси.

49897356_10156908317263158_1635355862203629568_n

Back to business @lagalaxy

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Facebook Коментари