Поврзете се со нас

Англија

Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Немања Матиќ имаше извонредна сезона во Рома и првично се согласи да ја продолжи соработката со „волчицата“, но потоа изненеадувачки си замина во текот на летото и се пресели во Рен.

Србинот доби многу подобра финансиска понуда од франуцскиот прволигаш и Жозе Мурињо му ја отвори вратата на својот добар познаник, кој претходно беше голема фудбалска ѕвезда на екипи како Манчестер Јунајтед и Челси.

Матиќ своите последни брилијантни партии ги имаше во црвениот дрес на „ѓаволите“, а навраќајќи се на тоа време, откри дека во соблекувалната на Јунајтед наишол на голем број фудбалери кои се однесуваат непрофесионално, посебно ставајќи акцент на Џејдон Санчо и Пол Погба.

– Во Челси сите играчи беа големи професионалци и секогаш беа точни на тренинзите. Во Челси никогаш не се доцнеше на тренинг, а во Јунајтед тоа се случуваше речиси секој ден.

– Играчите кои најчесто доцнеа беа Пол Погба и Џејдон Санчо, но имаше и уште неколку други. Останатите кои бевме секогаш точни, често знаевме да бидеме и бесни и лути. Поради тоа организиравме интерно дисциплинско тело, а јас бев претседател на истото. Секој играч требаше да плати одредена сума на пари за секое доцнење и се сеќавам дека собравме 75 илјади фунти. Тие пари беа предвидени за забава во Лондон, но никогаш не ја направивме поради Ковид рестрикциите, – открива Матиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни