Одбојка
Матијашевиќ вети: Македонија повторно ќе игра на ЕП!

Македонската одбојкарска репрезентација ги заврши подготовките и од утре ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи годинава во Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Пред нас се битки против Босна и Херцеговина и Турција во Скопје, а селекторот Никола Матијашевиќ е оптимист и верува дека нашиот национален тим ќе се избори за второ учество во низа на големите турнири по она во 2019 година.
–Наша предност евидентно е што Федерацијата успеа да изменаџира да ги добие двата турнира овде, што зборува за нејзината способност, а нам ни дава уште поголема шанса. Проблем е што нема да има публика, па таа предност на домашен терен нема да биде толку голема, но сепак постои и јас верувам дека повторно ќе играме на европско првенство, -вели Матијашевиќ и додава:
–Се разбира дека сите сакаме да бидеме први, односно да ја победиме Турција еднаш, ако може и двапати. Тие имаат предност на позиции кај двајца или тројца одбојкари коишто се искусни и долго време играат на европските првенства. Да не влегувам во детали, тие на некој начин ни се должни од Љубљана. Според мене, главна и основна задача е да се квалификуваме, дали како први или како втори, не е толку важно. Би било идеално да сме први и на 16-ти навечер по натпреварот со Турција, да знаеме дека сме квалификувани, да можеме да планираме, да се организираме, а не да чекаме, -заклучува селекторот.
Со БиХ ќе играме утре и четврток, а со Турција во среда и сабота. Сте средби ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

- Шпанијапред 23 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Германијапред 22 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- АТПпред 18 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне
- Шпанијапред 19 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)