Поврзете се со нас

Одбојка

Матијашевиќ посочи што беше клучно за триумфот над Данска: Сакавме да се реваншираме…

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација стартуваше убедливо на  вториот турнир во Европската Сребрена лига и тоа против домаќинот Данска кого го реши во Шлагелсе со 3-0 во сетови (25:23, 25:17, 25:20).

Нашиот национален тим блескаше против Данците кои минатата седмица не добија во Струмица, па со тоа само покажаа, докажаа дека лошото домашно издание беше само еден лош ден.

-Ова беше многу важен меч за нас затоа што сакавме реванш за поразот на домашен терен. Играчите со нетрпение го очекуваа натпреварот и навистина добро се бореа на паркетот. Доминиравме на прием и имавме многу поефикасен блок со кој го запревме Јенсен кој имаше многу поени на претходната средба. Јас сум навистина задоволен од трудот и напорот на екипата, -истакна селекторот Никол Матијашевиќ.

Денеска  популарните „спартанци“ ќе се соочаат со Израел, додека во недела оваа фаза ја завршуваат со битката против Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни