Матијас Погба ги предупреди фановите на Јунајтед за иднината на неговиот брат Пол: Очекувајте нешто…

pogba-brakja

Угледниот мадридски весник „Марка“ вчера излезе со своја ексклузива со која и долови на јавноста дека Зинедин Зидан по секоја цена сака да го добие Пол Погба во своите редови, до тој степен што одлучил да го стопира ангажманот на Дони Ван де Бек од Ајакс.

Според изворите на угледниот медиум, Зизу побара од Флорентино Перез да се потруди до последен момент да му го доведе играчот за врска на Манчестер Јунајтед, а иако оваа операција во секој поглед изгледа крајно комплицирана, братот на француската ѕвезда сега им испрати оптимистичка порака на фановите на Реал, а од друга страна ги предупреди оние на Јунајтед за црно сценарио.

Матијас Погба од ова лето игра во шпанската трета лига, а со оглед на тоа што е достапен за медиумите од оваа земја, тој ја детонираше последната „бомба“ поврзана за неговиот далеку попознат брат.

– Погба сака да се движи, очекувајте нешто такво. Во актуелниот тим, не може да прави се што сака. Цел тим на Јунајтед беше одвоен од Мурињо, овој тим не е најдобар пример за него. Сигурно на Зидан му е тешко, му недостасува мојот брат во неговиот мозаик. Од она што го знам, не е невозможно Флорентино да го купи мојот брат. Не може да се потврди дека ќе остане во Јунајтед. До 2-ри септември може да се случи се со Пол. На Реал Мадрид не му е потребен само фудбалот, туку и среќата и забавата која ја носи Погба, – порачува Матијас за „Ел Чирингито“.

Facebook Коментари