Германија
Матеус: Жал ми е за Милер, Компани го понижи!

Баерн Минхен многу потешко од очекувањата излезе на крај со Селтик и обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Баварците го добија првиот дуел во Глазгов со 2-1, но потоа губеа во Минхен до 94 минута кога Дејвис успеа некако да ја спроведе мрежата на Шмајхел за конечни 1-1 и место во наредната фаза на елитното натпреварување.
Од ова соочување дефинитивно ќе се памети само пласманот во Топ 16, а тренерот Венсан Компани воедно беше критикуван за еден потег, а тоа е внесувањето на Томас Милер во самата завршница. Имено Милер влезе во игра откако Баерн даде гол и мина на теренот 24 секунди и притоа немаше ниту еден допир со топката.
Ова воопшто не му се допадна на легендарниот Лотар Матеус кој испрати критики на адреса на предводникот на баварците за односот кон иконата на Баерн.
-Ова е понижувачко. Ова ме растажи и жал ми е за него. Бев шокиран. Томас Милер не мора да минува низ ова. Тој е еден од најголемите и најуспешните играчи на сите времиња. За тие неколку секунди, тренерот можеше да искористи друг играч. Ако тоа е перспективата за иднината, тогаш треба да направи нешто друго.
-Мислам дека не уживаше. За што? За да му биде запишан уште еден настап во Лигата на шампионите? Ќе се чувствував глупаво да сум на негово место, -истакна Матеус за „Скај Спортс“.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Германија7 часа
Лорис повторно во најлошо светло: Кариус со страшен кикс му пресуди на Шалке 04 (Видео)