Германија
Матеус застана во одбрана на играч на Баерн: Тој и Мусиала не смеат да мрднат од тука
Трансфер шпекулациите поврзани со актуелниот состав на Баерн Минхен го загрижија Лотар Матеус и легендата смета дека еден фудбалер никако не треба да замине од германскиот великан.
Се работи за Јозуа Кимих, германскиот фудбалер за кого веќе долг период се зборува дека е пред разделба со Баерн, но според Матеус ќе биде голема загуба за Баварците.
– За мене Кимих е нераскинлив дел од овој тим на Баерн.
– Никогаш не ги разбрав критиките за него, начинот на кој игра и залагањето на теренот кое го покажува малку ме потсетува на мене.
– Тој е играч кој зборува што мисли и се жртвува за тимот, можете да видите колку му значи што е дел од екипата и каква позитивна енегија носи на теренот. Ако остане здрав, ќе биде капитен на Баерн и германската репрезентација наредните две години. Тој и Мусиала се најважни играчи на Баерн и не смеат да мрднат од тука, – рекол Матеус.
-
Свет23 часа
Аргентина ремизираше, Меси се пожали за „базенот“ на кој се играше: Не можеа да се врзат две додавања (Видео)
-
Италија20 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Англија18 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија21 час
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија14 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Свет22 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Голманот на Црвена Звезда направи почетнички кикс, Камавинга се смееше при прославата на голот (Видео)
-
Шпанија19 часа
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда