Поврзете се со нас

Германија

Матеус застана во одбрана на ѕвездата на Баерн: Оставете го на мира…

Објавено

на

Германската фудбалска легенда, Лотар Матеус застана во одбрана на ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих кој во изминатиов период е на мета на критики поради тоа што се уште не е вакциниран против коронавирусот.

Кимих пред околу еден месец истакна дека не сака да се вакцинира затоа што не е сигурен во истите и дали тие се безбедни. Во моментов тој е во изолација и воедно според информации Баерн го казнил со 800.000 евра со што дефинитивно се зголемува притисокот врз него и тоа дефинитивно не му се допаѓа на Матеус кој имаше што да и каже на јавноста, новинарите.

-Го направија Кимих жртвено јагне. Се прашувам колку новинари има што не ја примиле вакцината? Уште колку играчи во Бундеслигата има? Но, ние го читаме само името на Кимих. Насекаде само Кимих и Кимич. Ве повикувам да го оставите на мира. Сигурно нема да го убедиме да се вакцинира со тоа што ќе му направиме таков пекол, -јасни и директно порача Лотар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни