Поврзете се со нас

Свет

Матеус за Винисиус Жуниор: Тој е супер талент, ама има погрешен идол

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Винисиус Жуниор ја доби наградата „The Best“ во организација на ФИФА, поточно признанието за најдобар фудбалер на светот за имизнатава година.

Со тоа Бразилецот дојде до големото престижно признание кое претходно му избега затоа што „Златната топка“ заврши во рацете на Родри кој овојпат заврши на второто место. Со ова ѕвездата на Реал Мадрид затвори една убава приказна со тоа што сега следи повторно докажување, напорна работа ако сака да се задржи на врвот.

Тој откако дојде до значајната награда испрати порака во која меѓу другото порача дека нема намера да се промени во однос на неговото однесување на теренот, нешто за што постојано добива притики, нешто за што говореше и легендарниот Лотар Матеус кој смета дека Вини има погрешен пример, идол во Нејмар.

-За мене тој е новиот Нејмар. Тој е супер талент, но како и Нејмар, тој добива на свој начин. Ги поттикнува гледачите, бира тепачки со противниците, провоцира со гестови. Тој има одличен финиш, брзина, сè е од светска класа, но во своето однесување тој е на погрешен пат, Нејмар е погрешен модел, -порача Матеус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни