Поврзете се со нас

Германија

Матеус за потенцијалното засилување на Реал: Тој е бледа сенка од играчот кој го знаевме

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Алфонсо Дејвис минува низ тежок период поради ултиматумот кој го постави Баерн Минхен, а кој тој и неговите претставници не сакаат да го прифатат и да одговорат во посакувано време.

Левиот бек доби понуда „земи или остави“ од баварците како реакцијата на поврзаноста меѓу фудбалерот и Реал Мадрид, но високите барања на дефанзивецот ги комплицираат работите и навистина тешко е дека тој ќе остане на „Алијанц арена“.

Медиумите се погласно шпекулираат дека негова идна средина е Реал Мадрид и последните месеци во Баерн ќе бидат само вистинска фарса, но најголемо разочарување е формата во која игра оваа сезона.

Фановите сметаат дека долгите преговори влијаеја негативно врз самиот фудбалер, но Лотар Матеус вели дека одговорноста треба да ја преземе тренерот Томас Тухел кој не реагирал доволно педагошки во дадениот случај.

– Алфонсо Дејвис е бледа сенка од самиот себе, не е играчот кој сите го знаевме. Неговата глава не е тука, а за тоа е одговорен и тренерот. Играчите понекогаш треба да почувствуваат топлина и поддршка, потребен е пријателски разговор надвор од теренот. Тоа знаеја да го прават Хенес, Хајнкес, Хицфелд и Латек. Неговата тешка состојба трае со месеци, не е само од последните неколку недели поради преговорите, – потенцира Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни