Поврзете се со нас

Европски првенства

Матеус за одлуката на Нагелсман: Не ја разбирам, многу се изненадив!

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Јулијан Нагелсман донесе неколку тешки одлуку кога е во прашање германската репрезентација и останува да видиме дали ќе погоди со истите, односно дали се вистински ќе покаже престојното Европско првенство.

Секогаш кога се во прашање овие турнири секогаш има реакција за одредени играчи, зошто се повикани, зошто на некој друг не му е дадена шанса, а за легендарниот Лотар Матеус сега е спорно што селекторот одлучи да се откаже од голманот Александер Нибел кој имаше супер сезона во Штутгарт, тим со кој обезбеди место и во ЛШ.

-Не ја разбирам оваа одлука, бев многу изненаден. Жал ми е за Нибел бидејќи имаше извонредна сезона. Прво, би било логично да го земеме Нибел, Штутгарт имаше голема корист од неговите настапи. Второ, како 27-годишен тој е единствениот помлад голман кој ќе биде потребен во иднина, па дефинитивно би го земал со мене, -вели Лотар, а пренесува „Билд“.

Голманската позиција на Германија ќе биде составена од Мануел Нојер, Марк-Андре тер Штеген и Оливер Бауман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни