Поврзете се со нас

Свет

Матеус за изборот на Меси: Не може да биде победник, нема освоено ниту една голема титула

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лионел Меси доби уште едно големо признание, наградата „The Best“ во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот за 2023 година.

Напаѓачот во натпреварувачката 2022/2023 стана светски шампион со Аргентина, беше француски првак со Пари Сен Жермен и тоа му овозможи прво да ја добие „Златната топка“, а сега и ова признание. Меѓутоа не сите се согласуваат дека Меси требаше да ја грабне оваа награда, еден од нив е легендарниот германски ас Лотар Матеус.

-Овој пат не може да биде победник. Мислам дека тој беше најдобриот фудбалер во последните 20 години, но беше во ПСЖ и Мајами каде што сега прави возбуда, ама не освои ниту една голема титула.

-Ако ги погледнете големите успеси, нема шанси да го одминете Манчестер Сити и – при изборот на најдобриот играч – Ерлинг Халанд. Тој ги освои најважните титули со  Сити, неговата ефикасност беше импресивна. Тоа треба да биде одлучувачко кога ќе го изберете најдобриот и најважниот играч – а тоа беше Халанд, -порача Лотар за „Скај Дојчланд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни