Поврзете се со нас

Германија

Матеус вивна во облаци еден фудбалер на Баерн Минхен: Тој е иднината на светскиот фудбал, цената му е 150 милиони

Објавено

на

Поранешниот германски репрезентативец и член на Баерн Минхен, Лотар Матеус упати само пофални зборови за еден од фудбалерите на Баерн Минхен.

Матеус го испофали 19 годишниот офанзивен играч од средниот ред на „баварците“, Џамал Муисала кој игра одлично на стартот на сезоната.

– Муисала е иднина на клубот и исто така неверојатно популарен лик. Тој ја прави разликата и постигнува многу голови.

– Ако некој сега би сакал да го купи, би морал да плати речиси 150 милиони евра. Но, тоа не е проблем затоа што сигурно не е на продажба, -изјави Матеус.

Интересно е што Муисала во младинските категории играше за Челси и за репрезентацијата на Англија, но сега откако пристигна во Баерн Минхен се реши на сениорско ниво да ја претставува репрезентацијата на Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни