Поврзете се со нас

Германија

Матеус убеден: Знам каде ќе биде Чаби следната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Лотар Матеус редовно ги коментира најпопуларните и најактуелни активности во германскиот фудбал, со тоа што неговио глас посебно се слуша кога се работи за теми кои се поврзани со Баерн Минхен.

Легендарниот фудбалер на баварскиот великан во последно време често знаеше да ја критикува политиката на клубот, па иако сега е согласен со првиот избор за наследниот на Томас Тухел, тој уверува дека Чаби Алонсо нема да мрдне од „Бај Арена“ и дека ќе остане најмалку уште една сезона меѓу „фармацевтите“.

– Знам дека Баерн бара наследник на Тухел и прво и основно, би кажал една работа на таа тема: Чаби Алонсо е човекот кој треба да биде на врвот на листата на Баерн, од една страна поради работната биографија, а од друга поради авторитетот и работата која ја врши во Леверкузен. Нема ниту еден друг тренер во светот кој би бил подобар од Чаби Алонсо за Баерн.

– Но, кога го велам ова, исто така сметам дека Чаби Алонсо е максимално концентриран на Баер Леверкузен. Чаби не е заинтересиран ниту за Баерн, ниту за Ливерпул, ниту за реал Мадрид. Сака да ги освои трите титули во кои е во игра до крајот на сезоната.

– Таков беше како играч, а ист е и како тренер, тоа е верен на својот карактер. Не му се важни приказните кои кружат околу неговото име. Секако дека негов сон е еден дена да ги води Баерн, Ливерпул или Реал, но според мене, неговата работа во Леверкузен не е готова. Чаби не е некој кој ќе го занесат големи имиња, тој доживеа многу како играч. Нема да биде важен ниту економскиот аспект, за него е важно што изградил и со кого го изградил. Тој знае од каде дојде и што направи во Леверкузен, затоа сметам дека нема да потпише за друг клуб и дека ќе остане во Леверкузен и наредната сезона, – прогнозира Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни