Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Тухел не може да допре до тимот, на Баерн му е потребна итна промена

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Вчерашниот пораз на Баерн Минхен во германското првенство донесе сериозни критики на адреса на тренерот Томас Тухел, но и на ѕвездите на екипата кои прокоцкаа два гола предност во дуелот со аутсајдерот Хајденхајм.

Лотар Матеус во својата прва изјава како стручен коментатор посебно се концентрирал на ефектот на Тухел и потенцирал дека тренерот не може да ја подигне екипата во пресрет на дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите.

– Разочарувачкиот пораз од Борусија и денешниот натпревар објаснуваат многу работи за актуелниот Баерн.

– Тухел веќе не може да допре до фудбалерите, а истовремено дава чудни изјави на прес-конференциите и во интервјуата.

– Претпоставувам дека клубот ќе реагира наредните два дена, бидејќи не смее да дозволи да продолжи оваа мизерија. Екипата има потреба од нов импулс, а Тухел не може да го обезбеди, – истакнал Матеус.

Засега, клупските челници тврдат дека Тухел ќе го води Баерн во Лондон, но нема да биде изненадување ако се случи некој пресврт наредните денови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни