Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Тој е идеален напаѓач за Баерн

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Баерн Минхен имаше една нестабилна, турбулентна сезона која на крајот сепак успеа да ја круниса со трофеј и тоа во домашниот шампионат каде ја продолжи доминацијата по едно лудо, драматично 34. коло во кое првопласираната Борусија Дортмунд се лизна на домашен терен, додека „баварците“ со гол во 89 минута славеа над Келн.

Меѓутоа овој освоен трофеј не беше доволен за да останат Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, одлука за која свој коментар имаше легендарниот ас, Лотар Матеус.

-Најголемата грешка на Кан е што не успеа да ги убеди сите во клубот во неговите идеи. Ако успееше, сите ќе застанеа зад него и ќе му дадеа поддршка. Поранешниот спортски директор Салихамиџиќ направи кардинална грешка што пред две години не го задржа Ханси Флик. Салихамиџиќ не се согласуваше со Флик околу некои имиња и тука се разделија, -рече Матеус кој смета дека баварците ќе завршат голема работа ако се реализираат најавите за ангажман на напаѓачот Душан Влаховиќ.

-Мислам дека Баерн носеше играчи кои не му одговараа на неговата игра. Каков играч му треба на Баерн? Не успеаа да пронајдат врвен напаѓач откако си замина Левандовски. Душан Влаховиќ е најдобар кандидат за таа позиција, -подвлече Лотар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни