Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Тоа е најголемата грешка во историјата на Баерн

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус како една од најголемите германски легенди секогаш има што да каже на актуелни теми, теми кои се поврзани со германскиот фудбал како што е Тони Крос.

Крос повторно е актуелен изминативе денови откако со неговиот Реал Мадрид дојде до уште една европска титула и тоа откако во финалето беше совладан тимот на Борусија Дортмунд со 2-0, победа во која искусниот играч даде конкретен придонес со една асистенција.

Тони мина една деценија во таборот на „кралевите“ од кои пристигна од Баерн Минхен за сума од 25 милиони евра, сума која е навистина смешна ако се погледне се што Германецот направи и постигна во изминатава деценија.

Матеус тоа не може да го заборави и уште не може да поверува како Баерн своевремено се откажа од легендата.

-Тоа беше продажба од емоции и суета. Како и со заминувањето на Алаба, потезите овде не беа рационални. Случајот Крос ќе продолжи да им наштетува на одговорните уште многу, многу години, -вели Лотар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни