Поврзете се со нас

Германија

Матеус типува кој ќе го наследи Тухел во Баерн: Доволно ви говори презимето кое го носи!

Објавено

на

Foto:twitter.com/VfB

Лотар Матеус во најновото обраќање се обиде да образложи зошто Чаби Алонсо нема да биде човекот кој ќе го наследи Томас Тухел, но легендата на Баерн има и јасен фаворит за тоа кој ќе биде нов тренер на баварците наредната натпреварувачка сезона.

Матеус е навистина добро информиран поради тоа што често гостува во германските телевизии и има одлични конекции со новинарите, па сега си даде за право да типува кој ќе биде иден тренер на најтрофејниот германски клуб.

Матеус убеден: Знам каде ќе биде Чаби следната сезона

Иако порача дека Чаби Алонсо треба да биде прв избор на Баерн, Матеус заклучи дека Шпанецот ќе остане најмалку уште една сезона во Леверкузен, поради што верува дека конечен избор на Баерн ќе биде внукот на Ули Хенес, Себастијан Хенес.

Младиот стручњак има само 41 година и забележа огромен прогрес во Штутгарт, а фантастичните резултати со овој тим прават да биде една од водечките опции на директорите на Баерн.

– Тренерот кој верувам дека може да ја преземе тренерската улога во Баерн е Себастијан Хенес. Тој би требало да добие поддршка од клубот, неговото име и презиме доволно говори. Хенес има ген на Баерн Минхен и забележа напредок во сите млади тимови кои ги водеше, а сега е извонреден и во Штутгарт и се што прави е навистина добро, – потенцира Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни