Поврзете се со нас

Германија

Матеус со совет до еден играч на Баерн Минхен: Ако сака да игра, а не само да зема пари, треба да си оди

Објавено

на

Поранешниот легендарен фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус отпиша еден од фудбалерите на Баерн Минхен кој воопшто не добива шанса од Јулијан Нагелсман.

Станува збор за Буна Сар кој делува по десната бековска позиција, а може да игра и како десен офанзивен бек.

Во поразот од Ајнтрахт Франкфурт на „Алијанц Арена“, кој беше прв пораз на Баерн Минхен на домашен терен по цели 672 дена и прв пораз од Ајнтрахт Франкфурт по цели 21 година.

Матеус по овој натпревар упати порака до Буна Сар, фудбалер кој дојде во Баерн Минхен во 2020 година за осум милиони евра од Марсеј, но воопшто не добива прилика да игра.

Овој натпревар беше класичен пример дека не се смета на него затоа што Нагелсман немаше вистински избор за десната бековска позиција, па го започна натпреварот со Никлас Зиле, а потоа него го замени Марсел Сабицер, фудбалер од средниот ред.

Токму затоа, Матеус му порача на Сар да си замине од клубот доколку сака да игра редовно првотимски фудбал.

– Ако сака да игра, а не само да добива плата, треба да побара нов клуб. Исто како и Ханси Флик, Нагелсман воопшто не смета на Буна Сар. Седеше на клупата, а тренерот на десната страна пушти играч чија примарна позиција е средината на теренот, -изјави Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни