Поврзете се со нас

Германија

Матеус со препорака за тројца фудбалери до Баерн Минхен

Објавено

на

Баерн Минхен ќе мора да инвестира претстојното лето, пред се во одбраната каде сигурно останува без Никлас Зиле, а германската легенда Лотар Матеус има свои препораки за фудбалери кои можат да бидат ангажирани од неговиот поранешен клуб.

Матеус не инсистира на скапи засилувања со ѕвезди од други шампионати, туку на фудбалери кои веќе настапуваат во Бундеслигата и нема да бидат голем финансиски товар за клубот.

– Јас ги препорачувам Гвардиол од РБ Лајпциг, Мавропанос од Штутгарт и Бела-Котчап од Бохум.

– Тројцата играат во Бундеслигата, а ќе бидат и финансиски поволни за Баерн. Мислам дека кај нив има простор да се развиваат и да напредуваат под водство на Нагелсман, – вели Матеус.

20-годишниот Бела-Котчап е младински германски репрезентативец со камерунско потекло, Мавропанос е позајмен играч од Арсенал, додека Гвардиол е поранешен играч на Динамо и веќе се наметна и во хрватската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни