Германија
Матеус со критики за првиот човек на федерацијата: Направи голема грешка

Германската фудбалска репрезентација доживеа потрес со отказот за Ханси Флик и додека се уште не е јасно кој ќе биде негов наследник, федерацијата направи друг чекор кој предизвика негативни реакции во фудбалската јавност.
Првиот човек на федерацијата, Бернд Нојендорф го поставил Андреас Ретиг за нов спортски директор без да се консултира со специјално назначеното тело за такви одлуки, што предизвикало оставки на Карл-Хајнц Румениге од Баерн Минхен и Оливер Минцлаф од РБ Лајпциг.
Легендарниот Лотар Матеус не штедел критики, пред се поради фактот што претседателот предизвикал нов интерен раздор меѓу најважните субјекти во германскиот фудбал.
– Навистина не е мудро да не ги информирате луѓето кои се дел од специјалната комисија формирана за таа намена, а тие требало да учествуваат во изборот.
– Веројатно само мал круг луѓе знаеле кој ќе го наследи Оливер Бироф, јас бев изненаден со одлуката, – рекол Матеус.
Ретиг одамна е близок соработник на Нојендорф, а претходно директор на Ст. Паули и Викторија Келн. Тој ќе биде спортски директор на сите репрезентации, функција која Бироф ја извршуваше до СП, по кое поднесе оставка.
-
Светпред 18 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 20 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 20 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 17 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 19 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
ВТАпред 23 часа
Ѓорческа обезбеди полуфинале на турнирот во Куршумлијска Бања