Германија
Матеус со критики за германскиот селектор: Не го разбирам потегот на Флик

Германската фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари во мартовските термини резервирани за националните тимови, а селекторот Ханси Флик реши да експериментира со изборот на фудбалери.
Неколку искусни играчи како Милер, Гундоган и Сане не се повикани, додека шанса ќе добијат будндеслигашки фудбалери кои најчесто не им се познати на фудбалската јавност надвор од Германија.
Вистински пример е Јоша Вагноман од Штутгарт, кој сезонава е најчесто на клупата на екипата која се бори за опстанок.
Тоа според Лотар Матеус е контроверзен потег, бидејќи се знае за кого може да има место во националниот тим.
– Флик треба да одговори на прашањето дали неповиканите фудбалери барале одмор, дали им е потребен одмор воопшто?
– Не само што селекторот повика фудбалери кои едвај ги знаеме, туку чудно е што тие најчесто имаат мала минутажа и во своите клубови. Според мене, основно за да бидеш повикан во националниот тим е да играш редовно во клубот.
– Репрезентацијата сепак треба да остане нешто специјално, нешто свето, – вели Матеус.
Германците како домаќини на ЕП нема да играат во квалификациите, а месецов ќе одиграат пријателски средби со Перу и Белгија.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)