Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Само еден фудбалер на Баерн беше на потребното ниво во поразот од Борусија

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус не го поштеди Баерн Минхен од критики и по поразот од Борусија Дортмунд, па во својата колумна за германски „Скај“ уште еднаш потенцирал дека шампионот веќе долго време игра разочарувачки лошо и не е изненадување што по долго време загуби на домашен терен од големиот ривал.

– Играа против Борусија, најголемиот ривал последните децении и пред половина свет кој го гледаше натпреварот на телевизија, а да не зборувам за фановите кои платиле скап билет и очекувале нивните херои да дадат максимум на теренот во обидот да дојдат до победата.

– Но, ако сме искрени, Баерн нема такво издание веќе половина година, мене не ми е јасно што зборуваат на тимските состаноци и на заедничките оброци. Не е само да го изедеш стекот и да испиеш чаша вино, треба и да се зборува многу, бидејќи очигледно во тимот има играчи кои не разбираат што значи да си играч на Баерн Минхен.

– Само Џосуа Кимих беше на потребното ниво против Борусија, само тој се трудеше на овој разочарувачки натпревар. Токму и Кимих со својата изјава по средбата ми го привлече вниманието, беше во право кога кажа дека за натпревар како овој против Борусија не треба ни дополнителна мотивација, а и не е толку важно кој е тренерот покрај аут-линијата, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни