Поврзете се со нас

Германија

Матеус распали по последната вест од Минхен: Тоа е неприфатливо

Објавено

на

БАерн Минхен минатиот викенд ја завери десеттата титула во низа во Бундеслигата, но тоа до толку ги опушти играчите на Јулијан Нагелсман, што вчера одиграа катастрофално лошо и заслужено загубија од Мајнц со 3:1.

Ѕвездите на Баерн не пронајдоа мотив за игра и беа надиграни речиси во секој дуел на гостувањето кај Мајнц, по кое Нагелсман изјави дека неговиот тим можел да прими „осум или девет гол“ во својата мрежа.

Баерн загуби 3:1, но она што ја фрустрираше јавноста е веста која пристигна по натпреварот, а со која се откри дека најголем дел од првотимците не се ни вратиле во Минхен и експресно заминале за Ибица.

Планот е таму да се слави шампионската титула откако добиле слободни денови од Нагелсман, но за разлика од останатите, четворица играчи почувствувале грижа на совест и се вратиле дома по тешкиот пораз. Нојер, Улрајх и уште двајца играчи решиле да останат во Минхен и да не отпатуваа за Ибица на прослава, а по веста на „Билд“, со сериозна критика се јави легендарниот Лотар Матеус.

– Играчите заминале на прослава? Тоа е неприфатливо, особено после таков натпревар каков што понудија. Ако победеа вчера, ќе речев „одете, заслужувате три дена на Ибица“. Но, ако бев на место на Нагелсман, ќе преземев други мерки, ќе ги откажев слободните денови.

– Едноставно не може да го направите тоа после таков меч. Не само поради тоа што сте играчи, туку и поради тоа што се прикажува лоша слика за Баерн. Навивачите останаа бесни од прикажаната игра, а играчите одат да се забавуваат, – порачува Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни