Матеус распали по Ериксен: На Ковач не му треба бавен играч, Баерн треба да тргне по метата на Барса

eriksen-baern

Лотар Матеус цели 20 години го носеше дресот на германската фудбалска репрезентација, период во кој имаше можност да биде дел и од неколку важни клубови, од кои сепак највеќе за издвојување е етапата која ја имаше во Баерн Минхен.

Легендарниот германски фудбалер во два наврати го носеше дресот на баварците, па поради тоа, често знае да дава изјави за случувањата во клубот од „Алијанц арена“, уште повеќе кога станува збор за фудбалери кои имаат слични карактеристики како неговите.

Кристијан Ериксен веќе извесно време е во потрага на нов клуб и последно е дека Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за него, но очигледно Матеус воопшто не е воодушевен од квалитетите на данскиот репрезентативец.

– Ако не е доволно добар за Тотенхем кој не жали многу за неговата продажба, тогаш не е добар ниту за Баерн. Ериксен технички е многу добар, тој е типична „10-ка“, но е премногу бавен, а такви играчи не сака Ковач. Според мене, Ериксен не е тип на играч кој му е потребен на Баерн. Мислам дека треба да се насочат кон играчот кој веќе го следи Барселона, Каи Хаверц. Треба да го купат него наредното лето, би биле одлична двојка со Кутињо, – вели Матеус во интервјуто за „Спорт1“.

 

Facebook Коментари