Поврзете се со нас

Свет

Матеус: Ова е фарса, „Златната топка“ требаше да заврши кај Халанд

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лионел Меси по осми рекорден пат дојде до најважното индивидуално признание во фудбалот „Златната топка“.

Ветеранот беше прогласен на најдобар за свечената церемонија во Париз и со тоа се затвори оваа тема која секогаш носи многу коментари, реакции околу изборот и различните ставови за тоа кој требал да ја освои. И оваа година не е поразлична, па така меѓу оние кои сметаат дека Лео не требал да го добие ова признание е Лотар Матеус.

Германецот верува дека истата требала да заврши кај напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.

-Халанд беше подобар од Меси ако се земе предвид целата година. Оваа награда не е заслужена и докажува дека СП се брои повеќе од се друго. За мене никој не беше подобар од Халанд, тој беше најдобар во последните 12 месеци. Со Манчестер Сити освои важни титули, поставувајќи рекорд за голови. Ова беше фарса, иако отсекогаш сум бил фан на Меси, -порача Матеус кој своевремено ја има освоено оваа награда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни