Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Матеус отпиша дури девет тима од битката за ЛШ по потопот на Барселона

Објавено

на

Шпанија има дури пет претставници во Лигата на шампионите оваа сезона откако Вилјареал славеше во Лигата на Европа во финалето против Манчестер Јунајтед, но со оглед играчкиот кадар и силите со кои располагаат сите учесници од Пиринеите, легендарниот Лотар Матеус им предвиде лоша натпреварувачка кампања во најелитниот фудбалски турнир во Европа.

Матеус го коментираше поразителниот настап на Барселона против Баерн Минхен на домашен терен, но си даде за право да заклучи дека во овој момент, ниту еден шпански тим не може да се носи со четирите тима од Англија, ПСЖ и Баерн Минхен.

Лотар не верува дека Барселона, Реал, Атлетико, Севилја и Вилјареал ќе понудат нешто посериозно до крајот на Лигата на шампионите, а истото го мисли и за италијанските екипи предводени од Интер, Јувентус, Милан и Аталанта.

– Четирите англиски тима се засилија многу добро и покрај нив, тука е и ПСЖ. ПСЖ е огромен фаворит со оглед на преодниот рок кој го имаше, а после овие пет тима е Баерн Минхен. Ако Германците немаат лоша среќа и бидат поштедени од повреди, може да имаат свој глас во Европа. Ова се моите шест фаворити за трофејот во Лигата на шампионите

– Во овој момент, не гледам ниту еден шпански тим кој може да се бори со било кој од овие споменати тимови. Истото важи и за Италијанците, немаат потенцијал да се борат за трофејот во Лигата на шампионите, – завршува Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни