Поврзете се со нас

Шпанија

Матеус откри за кои двајца германски играчи сонува Флик како нов тренер на Барселона

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Барселона планира да го претстави Ханси Флик во текот на денешниот ден и тоа го потврди потпретседателот Рафаел Јусте, а во период кога пристигна една ваква моќна вест, доста интересни најави пристигнуваат и од Германија.

Лотар Матеус е човекот кој секогаш има инсајдерски информации за Ханси Флик поради пријателскиот однос кој го има со стручњакот, па сега на јавноста и ги открри двете германски ѕвезди за кои сонува 59-годишниот стручњак како нов тренер на Барселона.

– За Ханси претставува огромен предизвик да се води Барселона, без оглед на финансиските потешкотии на кои ќе наиде таму. Во новиот проект ќе наиде на стари пријатели како Тер Штеген, Гундоган и Левандовски.

– Како што знам, сака да добие уште еден или двајца такви играчи, но не знам дали ќе успее во такво нешто. Флоријан Вирц и Џамал Мусиала се играчите кои ги сака.

– Има многу играчи кои ги сака за Барселона, но најверојатно ќе нема да може да си ги дозволи во прв момент. Едвај чека да почне да работи во Барселона, јас му посакувам само многу среќа. Навистина ми е мило за него после сите работи кои ги доживеа во Баерн Минхен и германската репрезентација, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни