Германија
Матеус нема дилеми: Баерн сега ќе биде постабилен, во дербито ќе победи…

Баерн Минхен се реши да направи значајна промена во овој период кога немаше клупски натпревари и го назначи Томас Тухел за нов тренер на местото на Јулијан Нагелсман.
Баварците се уште се активни за трите трофеи во актуелнава кампања и затоа беше изненадување отказот на Нагелсман, но управата на клубот пронајде причини кои според нив беа доволно за потег кој носи ризик, потег за кој ќе видиме дали е исправен на крајот на сезоната.
Легендарниот Лотар Матеус со внимание ги испрати сите овие настани и според него Баерн ќе биде постабилен под водство на Тухел.
-Претпоставувам дека тимот под водство на Тухел ќе биде постабилен и дека нема да има толку многу флуктуации во перформансите. Многу натпревари под Нагелсман не беа во стилот на Баерн, флуктуациите беа премногу големи. Имаше премногу проблеми, -истакна Матеус кој верува дека Баерн сигурно ќе ја добие Борусија Дортмунд во дербито на колото.
-Баерн ќе победи затоа што тие се нервозни што ретко е пријатно за противникот. Искуството во мечеви како овој, домашната предност и победничкиот менталитет зборуваат во нивна корист, -рече Лотар за „Кикер“.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 24 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)