Германија
Матеус најави промени во Баерн: Ќе си замине еден, можеби и двајца од нив
Лотар Матеус ја остави тренерската кариера во втор план и веќе долго време нема никаков ангажман, но затоа е активен и актуелен во јавноста со своите коментари, реакции, колумни на фудбалски теми дали се работи за германската сцена или најквалитетните натпреварувања и лиги во Европа.
Матеус многу добро ги познава состојбите во Баерн Минхен, клуб во кој настапуваше како играч во два мандати, клуб во кој има статус на легенда, па така сподели една информација според која во 2025 година ќе видиме сериозни промени во германскиот великан, поточно ако се остварат најавите ќе видиме заминување на играчи кои во изминативе години беа многу важни за екипиата.
Имено клубот од Минхен планира да се ослободи од еден, можеби двајца играчи од тројката Лерој Сане, Серж Гнабри и Кингсли Коман.
-Дефинитивно ќе има промени на крилните позиции. Има три несигурни кандидати: Коман, Гнабри и Сане. Тие нема да останат сите тројца во Баерн следната година, дури и ако сега сигурно нема да спомнам имиња. Сите тројца дефинитивно нема да останат. Најмалку еден ќе си замине, а можеби и двајца, бидејќи за овие позиции во Минхен се разговара и за нови имиња, -вели Матеус за „Скај90“.
На Сане му завршува договорот на крајот на кампањата, Гнабри и Коман пак се врзани до 2026, односно 2027 година.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…