Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Нагелсман не смее да го повтори експериментот со Хаверц

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Лотар Матеус не е фан на последниот експеримент на германскиот селектор Јулијан Нагелсман и побара од помладиот колега да не го повторува.

На пријателскиот дуел со Турција, Нагелсман реши да стартува со Каи Хаверц на позицијата лев бек, што очекувано ја изненади фудбалската јавност и пред се германските фанови.

Хаверц постигна и гол, но Германија загуби, а Матеус вели дека ова не е долгорочно решение и не треба ни да се испробува.

– Хаверц е квалитетен играч, но никогаш не тренирал и настапувал на таа позиција. Разбирам дека селекторот се обидуваше да испроба нешто, но се надевам дека ова беше прв и последен пат.

– Ако сакаме да ги искористиме неговите квалитети, тогаш треба да му се најде соодветно место во тимот. Исто така, овој потег е шлаканица за сите оние кои досега играа на позицијата лев бек.

– Голот можеби беше протолкуван како успешно функционирање на планот, но како селектор мора да размислувате долгорочно, а Хаверц досега покажа екстра квалитет само во нападот, – изјавил Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни