Матеус му предложи двајца играчи на Баерн, Салихамиџиќ експресно му одговори

hasan

Германскиот гигант Баерн Минхен се врати на победнички патети, откако составот го презема Јуп Хајнкес, меѓутоа повеќе од јасно е дека на клубот му треба дополнително освежување ако сака да ги нападне пехарите во сите натпреварувања.

Токму легендата на овој клуб, Лотар Матеус посочи две имиња кои би биле одлични засилувања-тоа се Кристијан Пулишич (Борусија Дортмунд) кој би бил одлична алтернатива за ветераните Арјен Робен и Франк Рибери како и искусниот Ведад Ибишевиќ кој пак би бил поддршка за Роберт Левандовски.

На ова се огласи спортскиот директот на „баварците“, Хасан Салихамиџиќ кој порача:

– Лотар секогаш има одлични идеи и многу го почитувам. Јас ќе ги инкорпорирам неговите идеи во нашите размислувања, -рече популарниот Брацо.

Facebook Коментари