Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Крос повеќе не е класа, додавањата му се бавни

Објавено

на

Германија немаше успешен настап на Европското првенство иако успеа да ја мине групата на смртта, а еден од играчите кој заработи најмногу критики е Тони Крос.

Според многумина Крос одиграл под своето ниво, а имаше и такви кои беа побрутални со коментарите, анализи, па така Ули Хенес порача дека за игралот за врска нема место во денешниот фудбал.

Хенес: Нема место за Крос во денешниот фудбал

Со размислувањето на Хенес се согласува и легендарниот Лотар Матеус кој е познат како човек без влакна на јазикот, односно за него Тони повеќе не класа фудбалер.

-Крос повеќе не е класа на меѓународно ниво. Немам ништо лично против Крос, но не се согласувам со начинот на кој играше. На ЕП видовме дека не е сè во брзината на играчите, туку и во брзината на топката. Тој е добар на еден или два допира, но кога ја додава топката, повторно губи на брзина, бидејќи неговите топки не создаваат простор, а неговите додавања се бавни, -вели Матеус.

Тони на клупско ниво ги освои сите можни трофеи, додека пак со репрезентацијата најголем успех му е триумфот на СП во 2014 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни