Поврзете се со нас

Светски првенства

Матеус го пронајде виновникот за поразот на Германија: Секогаш го поддржувам, но…..

Објавено

на

Лотар Матеус во изминатите неколку години се покажа како ригиден спортски аналитичар кој кажува се што мисли без влакна на јазикот, па во тој стил продолжи и по новиот шок кој го претрпе Германија на едно Светско првенство.

По лошите изданија на мундијалот во Русија, „панцирите“ отворија со пораз и на турнирот во Катар, и тоа откако беа прилично добри во првото полувреме во кое поведоа против Јапонија, а и пропуштија неколку шанси.

Од средината на второто полувреме, Германија влезе во голема играчка криза и тоа резултираше со два гола во мрежата на Нојер, а Матеус смета дека главен виновник за поразот е човекот кој инаку постојано го поддржува.

– Секогаш го поддржувам Ханси Флик, но тој има голема одговорност за поразот. Не сфатив зошто ги извади Милер и Гундоган, играчи кои се најискусни на вакви натпревари. После нивното повлекување, Германија ја загуби контролата, но и дисциплината во редовите.

– Ако играме вака против Шпанија, тогаш да се подготвиме да си одиме дома, сигурно ќе бидеме елиминирани. Притисокот сега е преголем врз играчите и ќе видиме што ќе се случи, – изјави Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни