Поврзете се со нас

Германија

Матеус го истакна својот фаворит за иден тренер на Баерн Минхен

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Баерн Минхен и натаму нема донесено одлука за наследникот на Томас Тухел, а тоа отвора простор за многу шпекулации во пресрет на завршницата на актуелната сезона.

Веќе стана јасно дека Чаби Алонсо ќе остане во Баер Леверкузен, а откако се исполни предвидувањето на Лотар Матеус, тој го истакнува својот фаворит за наследник на Томас Тухел.

– Она што му е потребно на Баерн е Ралф Рангник.

– Секогаш остварувал добри резултати, а неговите екипи играа атрактивно. Истовремено, Рангник секогаш остава многу простор за младите фудбалери, што е стратегија и на Баерн, – истакнал Матеус.

Рангник во моментов е селектор на австриската репрезентација, но има договор до претстојното лето, односно до Европското првенство во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни