Поврзете се со нас

Германија

Матеус ги детектираше грешките на Германците кои влијаеле за поразот од Македонија

Објавено

на

Лотар Матеус не го поштеди од критики германскиот селектор Јоаким Лев, како и Германската фудбалска федерација, кои со своите потези влијаеле да се случи неочекуваниот пораз од Македонија.

Матеус го анализирал целиот мини-циклус од мундијалските квалификации, а главната причина за поразот ја лоцираше во одлуката на Лев да не прави ротации на составот.

– Екипата изгледаше заморено, не разбирам зошто некој има 24 фудбалери во составот, а го ротира само голманот. Да не заборавиме дека речиси сите фудбалери имаа обврски со своите клубови и во европските купови.

– Ако ги погледнете натпреварите со Исланд и Романија, ќе видите дека Лев се одлучи за истиот состав, со исклучок на Тер Штеген и Госенс кои не играа претходно, – изјавил Матеус.

Германската легенда има забелешки и за организацијата на федерацијата, односно начинот на кој Германците го решиле периодот меѓу дуелите со Романија и  Македонија.

– Можеби причина за ваквото издание против Македонија е и враќањето од Романија. Не разбирам зошто не останаа таму да преспијат, а наместо тоа се вратија во хотелот во Германија во пет или шест часот наутро, – рекл Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни