Поврзете се со нас

Германија

Матеус цврсто стои зад својата одлука: За мене ова е многу пријатна ситуација…

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус е една од иконите на германскиот фудбал, човек кој по завршувањето на кариерата му се посвети на тренерскиот занает.

Тој се испроба како стратег во повеќе клубови, работеше и како селектор, но веќе долго време никаков ангажман и по се изгледа нема намера да прифати таква одговорност без разлика на атрактивноста на понудите и на тоа што го има на пазарот.

-Многу сум зафатен, многу патувам. Мојот дневник со обврски е полн и среќен сум поради тоа, бидејќи јас го контролирам мојот живот.

-Понекогаш може да биде стресно, но ако сакам да одам на четиридневен одмор, нема да се појави клуб или федерација која ќе ми каже: „Еј, утре имаме тренинг“. За мене ова е многу пријатна ситуација, што можам сам да одлучувам за слободното време, -порача Матеус кој е стручен консултант за германските канали РТЛ и Скај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни