Поврзете се со нас

Светски првенства

Матеус: Англија може да победи на СП, но има проблем на една позиција

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Англија одигра катастрофално издание на Лигата на нации, но останува меѓу фаворитите за триумф на претстојното СП во Катар.

Европскиот вицешампион има квалитетен состав, а според Лотар Матеус, целосно има право да се надева на прв мундијалски триумф по 1966 година.

– Кога ќе видите со кои фудбалери располага, Англија сигурно е меѓу фаворитите за триумф на СП. Англија и Франција можат да состават по три екипи во секој момент.

– Четврто место во Русија, второ на ЕП, се приближуваат до првиот триумф по 1966 година.

– Единствен проблем можат да имаат со голманската позиција. На вакви турнири секој фудбалер е важен, а Англија нема голман како Германија, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни