Поврзете се со нас

Англија

Матета првпат се појави пред камерите и откри каква порака добил од голманот на Милвол (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/CPFC

Жан Филип Матета замина на принудна пауза како последица на хорор стартот кој го изведе голманот на Милвол, а две недели подоцна, напаѓачот на Кристал Палас за првпат се појави пред камерите.

Французинот обелодени дека се уште има голема расекотина во пределот на увото поради кога мора да носи преврски, но целта е да ја искористи репрезентативната пауза за да го надмине проблемот и да се врати на терените.

Во интервјуто за „Скај Спортс“, Матета открива дека неговото уво било уништено по стартот од Лијам Робертс, но исто така обелоденува дека добил порака од голманот на Милвол кој заработи суспензија од шест меча.

– Се чувствувам навистина добро, сега е речиси веќе во ред. Се сеќавам на секој момент од инцидентот, не паднав во бессознание. Кога добив удар, додека бев на подот само чекав да добие црвен картон. Моето уво беше уништено, но можеше да биде и полошо. Рефлексно ја мрднав главата во последен момент, инаку ќе добиев удар во лице, можеше да биде многу полошо. После ударот, 30 секунди се карав со докторот. Сакав да продолжам да играм, но тој не ми дозволи, – вели Матета, кој ја обелодени и пораката која ја добил од ривалот.

– Да, бев исконтактиран од голманот на Милвол. Ми испрати порака уште додека бев во болница. Му реков дека се е во ред, дека тоа е дел од фудбалот и дека ќе се видиме повторно. Тој се извини и беше загиржен за мене. Јас не сум голман и не знам што размислуваат голманите во такви ситуации. Направи се за да не постигнам гол, но мислам дека отиде малку предалеку. Направи грешка, но тоа е во ред. Не гледаме првпат ваква работа во фудбалот, сигурен сум дека не се разбудил со помисла „денес ќе му го распарчам увото на Матета“, – завршува Французинот кој доби 25 конци во пределот на увото како последица на ужасниот старт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни