Поврзете се со нас

Англија

Матета донесе ново разочарување на „Олд Трафорд“, Тотенхем ја прекина црната серија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/CPFC

Тотенхем ја прекина лошата серија во Премиер лигата со победа над Брентфорд (0:2), додека Манчестер Јунајтед одигра уште еден разочарувачки натпревар и загуби од Кристал Палас на домашен терен (0:2).

Решавачки ефект имаше Французинот Жан-Филип Матета кој ги постигна двата гола на стадионот во Манчестер, првиот во 64, а вториот во 89. минута од натпреварот.

Тотенхем го доби лондонскиот ривал Брентфорд и конечно стави крај на непријатната, негативна серија во Премиер лигата.

Во првиот дел Брентфорд му помогна на противникот со автогол, а неизвесноста спласна во 87. минута, кога Сар ги постави конечните 0:2.

Со овој триумф, Тотенхем стигна до 27 бодови, односно има само 10 бодови повеќе од првата екипа во опасната премиерлигашка зона.

Манчестер Јунајтед по единаесеттиот пораз сезонава остана на 29 бодови, односно има само два повеќе од Тотенхем и им приреди уште едно разочарување на своите фанови на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни