Поврзете се со нас

Свет

Матераци за епизодата која ја одбележа неговата кариера: Тоа не смееше да се случи, Зидан… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Марко Матераци неодамна беше дел од ревијалниот меч кој го играа легендите на Интер, а повикан на настанот беше и нашиот Горан Пандев кој исто така беше член на златната генерација на „нераѕурите“.

Матераци своите најдобри играчки денови ги имаше на „Џузепе Меаца“, но без никаков сомнеж, неговата кариера беше одбележана од инцидентот кој го имаше со Зинендин Зидан за време на финалето на Светското првенство во 2006-та година.

Италијанецот успеа да го испровоцира Французинот и направи да го видиме најлошото лице на Зизу, и тоа на последниот меч во кариерата на тогашната ѕвезда на Реал Мадрид.

Зидан му удри глава на италијанскиот дефанзивец и заработи црвен картон во големото финале, во кое на крајот како победници излегоа „аѕурите“.

18 години подоца, сеќавањата од споменатиот инцидент се уште се свежи за популарниот „Матрикс“, кој смета дека таа непријатна епизода не смеела да се случи.

– Кога ќе се навратам наназад, не ми се допаѓа тоа што се случи, таа епизода не одговара на мојата играчка кариера. Таа епизода со Зидан не смееше да се случи. Во жарот на играта и целата напнатост, после сите навреди и караници, Зидан ми пријде и ми порача да му го земам дресот. Јас му реков дека не ми треба дресот, дека подобри би ја земал неговата сестра. Тогаш се сврте кон мене и го направи она на кое сите се сеќаваат. Никогаш после тоа не го видов Зидан, го немам видено од тој ден, – открива Матераци за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни