Поврзете се со нас

Италија

Матераци во свој стил го „пецна“ Јувентус: Би се убил ако изгубевме на три финалиња, па не сум како играчите на Јувентус..

Објавено

на

Легендарниот италијански фудбалер и член на легендарната генерација на Интер која ја покори Италија, а стигна и до тронот на Европа, Марко Матераци упати жестока провокација кон Јувентус и неговите фанови.

Интер во 2010 година успеа да стигне до тројната круна, нешто што им успеало на многу малку клубови ширум Европа. Тогаш „нероазурите“ предводени од Жозе Мурињо, а во тимот и со нашиот Горан Пандев, стигнаа до титулите во Серија А, Купот на Итлаија и Лигата на шампионите.

Матераци се сети на тие времиња и со својот коментар „запали“ многумина на социјалните мрежи.

– Игравме три финалиња. Скудетото го освоивме со победа против Сиена, Купот на Италија со победа против Рома, а во финалето од Лигата на шампионите го совладавме Баерн Минхен.

– Можам да кажам дека би се убил да ги изгубевме сите финалиња тогаш. Не поднесувам порази во финалињата, едноставно сум таков.

– Не сум како играчите на Јувентус да сум навикнат да губам финалиња. Таа година навистина доминиравме и никој во Италија нема да го повтори тоа. Тоа е година која засекогаш ќе се памети, -изјави Матераци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни