Поврзете се со нас

Италија

Матераци: Подготвен сум да разговарам со Зидан, нема да барам…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:instagram.com/marcomaterazzi

Марко Матераци и Зинедин Зидан имаат една од најпосебните сцени во историјата на фудбалот, момент од финалето на Светското фудбалско првенство во 2006 година кога Италијанецот успеа да го изведи од кожа популарниот Зизу кој го „нокаутираше“ противникот со удар со глава.

Тој момент без разлика од кој агол да гледате е еден од оние кој вечно ќе го паметат сите љубители на фудбалот затоа што ретко се случува на таква сцена, финале на мундијал да се случи тоа особено ако се земе предвид дека Зидан важел, важи за вистински џентлмен, спортист, ама во таа ситуација се исклучи поради одредени навреди кон неговото семејство,

Од 2006 се поминати доста години, ама двајцата досега немаат седнато на иста маса, а Матераци првпат по инцидентот искажа подготвеност тоа да го направат, поточно порача дека нема да бара извинување од Французинот.

-Не сум разговарал со Зинедин Зидан од тој ден, никогаш порано не сум разговарал со него и не сум разговарал со него потоа. Немаме однос. Тој е легенда и јас го почитувам како играч и менаџер, освојувајќи три Лига на шампиони по ред. Веќе не барам извинување, но со задоволство би имал разговор со него сега кога поминаа толку многу години. Нема да има проблем, -истакнал Матераци.

Инаку тоа финале во Берлин беше последен меч за Зидан во кариерата, меч кој на крајот заврши со славје на „аѕурите“ на пенали.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни