Поврзете се со нас

Европски првенства

Матераци: Италија ќе има отворен автопат до финалето ако направи едно нешто

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Италија заврши како втора во својата група и се пласираше во осминафиналето благодарение на голот на Закањи во 98-та минута, а подоцна испадна дека „аѕурите“ за ривал во оваа фаза ќе ја имаат Швајцарија.

Натпреварот е веќе закажан за во сабота и со истиот ќе стартуваат осминафиналните возбудувања на Европското првенство, па Матераци реши да ја подгрее атмосферата такашто ја посочи Швајцарија како најтежок ривал во вториот дел од ждребот.

Италија е на страната на која ги нема Германија, Шпанија, Франција и Португалија, па тоа го натера Матераци да заклучи дека тимот на Спалети би имал отворен пат до финалето ако ја победи селекцијата која ја предводи Јакин.

– Веќе нема фаворити во фудбалот и никогаш не е лесно да ја победите Швајцарија. Јакин се потпира на играчи кои се активни во италијанскиот, германскиото и англискиот фудбал. Имаат нависитна избалансиран тим и добар голман како Зомер.

– Ме импресионираа против Германија со самодовербата која ја прикажаа и со подготвеноста која ја демонстрираа. Италија си е најголем проблем сама на себе. Ако ја пообедиме Швајцарија, ќе имаме отворен автопат до финалето. Изгледа лесно за остварување, но сигурен сум дека нема да биде така на теренот, – изјави Матераци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни