Поврзете се со нас

Италија

Матераци го предупреди Шкриниар за донесената трансфер одлука: Нека запамети една работа

Објавено

на

Милан Шкриниар е на излезни врати од Интер и според сите пишувања тој веќе се има договорено со ПСЖ, клуб во кој треба да замине како слободен агент на крајот од сезоната.

Стоперот не го продолжи договорот со Интер и го стави клубот во незавидна ситуација, па „нераѕурите“ нема да заработат ништо од играчот кој веќе неколку години наназад е столб во одбраната.

Интер дефинитивно ќе мора да бара замена за Шкриниар во летниот преоден рок, но Марко Матераци го предупредува дефанзивецот дека веќе никогаш во кариерата нема да доживее нешто слично на ова на „Џузепе Меаца“.

Според популарниот „Матрикс“, парите и новите авантури не можат да се заменат со љубовта која се добива во Интер, а која Шкриниар ја чувствуваше во изминативе шест сезони.

– Никој не треба да се сомнева во професионализмот на Шкриниар, тој ќе даде максимум и 100 проценти до крајот на сезоната, но треба да запамети една работа. Нема да најде ваква љубов како во Интер на ниту едно друго место во светот. Нема да ја добие поддршката од 80 илјади навивачи во ниту еден друг клуб, – му порача Матераци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни