Поврзете се со нас

Италија

Матераци: Добра вест е што нашите двајца капитени не се викаат Шкриниар!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Марко Матераци во своето опширно интервју за „Газета дело Спорт“ ја отвори темата која стана доста популарна во Милано во текот на вчерашниот ден, откако стана познато дека ерата на Стивен Жанг во Интер заминува во историјата.

Поради неисплаќањен а долгот во висина од 400 милиони евра во предвидениот рок, американскиот инвестициски фонд „Оуктри“ од вчера е нов сопственик на Интер, па популарниот „Матрик“ говореше за големата владеачка промена која ќе следи во наредниот период.

– Од тоа што разбрав, од „Оуктри“ се запознаени со историјата на Интер и свесни се во каков проект влегуваат. „Оуктри“ ќе ги задржи сегашите директори и нема да ги направат грешките кои ги направи Милан пред една година со отпуштањата на Малдини и Масара.

– За мене, најпозитивна работа е дека ќе остане истиот менаџмент и дека нема да има големи промени кај директорите. Ако дојде до такви промени, тоа ќе биде фатална грешка. Сигурен сум дека се ќе излезе како што треба, – вели Матераци, кој е убеден дека промената во сопственичкиот дел нема да влијае врз преговорите кои се започнати со Лаутаро Мартинез и Николо Барела.

– Најважно во преговорите е што доста работи се јасни. Лаутаро и Барела се капитени во тимот и сигурен сум дека нема да прават проблем за транзицијата која ќе следи околу сопствеништвото. Од тоа што јас го знам, сите страни сакаат да останат заедно. И јас би чекал повеќе од што треба за да останам во мојот омиле клуб. Исто така, сигурен сум дека ќе останат бидејќи не се викаат Милан, Милан Шкриниар, – заврши „Матрик“ кој во свој стил го „поздрави“ стоперот кој минатото лето како слободен агент се пресели во ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни