Поврзете се со нас

Евролига

Матео во Реал до 2026 година

Објавено

на

Шпанскиот тренер Чус Матео го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2026 година.

Матео минатата сезона не успеа да го освои трофејот во Евролигата, иако тимот од Мадрид беше убедливо најдобар по лигашкиот дел, но и по плеј-офот.

Но, на последниот чекор беа запрени од тимот на Панатинаикос, па Матео не успеа да ја одбрани титулата во Евролигата со Реал.

Од друга страна, освои се што можеше во домашни рамки. Тимот од главниот град на Шпанија ги подигна пехарите наменети за победникот на Суперкупот, Купот на кралот како и во АЦБ лигата.

Извесно е дека и следната сезона Реал ќе биде еден од главните кандидати за сите трофеи, како во Шпанија, така и во Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни