Матео Меси го изимитира легендарното славје на својот татко и стана вирален хит (Видео)

mateo-messi

Лионел Меси и натаму е неизвесен за настап за дерби дуелот со Валенсија кој се играа оваа сабота, но додека главната ѕвезда на Барселона не го одработи тренингот со своите соиграчи, на социјалните мрежи шоуто го украде неговиот мал син.

Самиот Меси откри дека Матео е навистина необично мало дете кое често сака да го провоцира својот татко, но сега на денот кога полни четири години, еден од наследниците на Лео се прикажа во најсимпатично издание. Сопругата на Меси, Антонела сподели едно интересно видео на социјалните мрежи, доловувајќи ни како Матео го имитира својот татко при прославата на голот….

Facebook Коментари